Бројот на пациенти со мозочен удар се зголемува. Во Скопје на 600.000 жители има меѓу 10 и 15 мозочни удари дневно што е голема бројка. Четириесет проценти од популацијата на возраст од 35 до 60 години има хипертензија, а најмногу од нив не ни знаат дека ја имаат. Возраста на пациентите се намалува бидејќи стилот на животот се менува. Почесто има пациенти на возраст од 30-35 години кои имаат дефиниран мозочен удар, а тоа значи дека веќе имаат големи промени на крвните садови за да може да се дефинира мозочен удар. На одбележувањето на 8 Април – Светски ден на здравјето, фокусот годинава е врз високиот крвен притисок кој доколку не се лекува и контролира е „тивок убиец“ на голем број луѓе.
Директорот на Градската општа болница „8 Септември“ Сашо Стојчев посочи дека стресот придонесува за нарушување на метаболизмот, зголемени масти во крвта и зголемен крвен притисок, а последица од тоа е срцев и за мозочен удар.
Стојчев рече дека лица со мозочни удари регистрираат секојдневно во нивната пракса, а особено по отворањето на новото одделение за неврологија и поставувањето 10 кревети за интензивна нега, каде се сместени најголем број од тие пациенти.
– Денешниот ден треба најмногу да го посветиме во третманот на хипертензијата која е главен фактор на ризик за појава на мозочен удар. Ако навреме ја лекуваме хипетензијата и другите фактори на ризик, ќе имаме помалку мозочни удари. Во болнички услови може да третираме најмногу до една третина, една четвртина од пациентите кои имаат мозочен удар – рече Стојчев. Додаде дека ветровите, промената на влагата, фронтовските промени на времето влијаат врз нивото на крвниот притисок.
Министерот за здравство, Никола Тодоров, рече дека добро е што и во Македонија се отвора оваа тема и се подигнува свесноста на граѓаните за проблемите кои може да се појават од хипертензијата. Тој сподели дека лично се обидува да го одржува нивото на крвниот притисок во нормала со вежбање и спортски активности, кои, според него, се најзначајни за да се одржи во кондиција еден организам.
– Многу е познато дека секогаш кога има многу силен психички замор, тоа најдобро се артикулира со физичка активност. Притисокот ми го качува некој што ќе каже лага и преку тоа тешко поминувам – посочи Тодоров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Внимавајте: Телото ги праќа овие сигнали еден месец пред мозочен удар
-
Еден месец пред мозочниот удар телото ќе ви испрати предупредување: Немојте да ги игнорирате
-
Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари, посебно кај жените
-
Внимавајте на овие симптоми, може да ви укажуваат на лесен мозочен удар