| четврток, 6 декември 2018 |

Мими Рурк откри поради кого се откажал од самоубиство (фото)

Славниот актер и поранешен боксер Мики Рурк (63) низ животот поминувал низ тешки моменти поради кои помислувал да крене рака врз себе, но поради неговото куче се откажал од тоа.

502724_profimedia0201113900_ff

-Минував низ тешки мигови. Се повредував самиот себе а еднаш дури цел ден седев во орманот – раскажал актерот кој има шест кучиња и додал: Не можев да го гледам тој тажниот поглед од мојот пес Џек и го тргнав пиштолот – го опишал Рурк тој кобен момент: Додека го држев пиштолот во раката во тој миг се најде мојот пес до мене. Толку тажно цивкаше  како да ме прашуваше:„Кој ќе се грижи за мене ако тебе те нема?“ Тоа ме трогна и се откажав од самоубиство.

мики куче

Мики засекогаш ќе му биде благодарен ан своето куче поради кое останал жив.

-Секакви мисли ми поминуваа низ главата. Се сеќавам дека во еден момент помислив :„Човеку дали да го сторам тоа?“. Тогаш го погледнам моето куче, кое испушташе звуци како човек, кажа да ми кажа да не го правам тоа- кажал Рурк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top