Операцијата на руското Воено воздухопловство во Сирија започна пред минатиот месец. Сириските офицери констатираат дека воената помош на Русија го подига борбениот дух меѓу војниците и владнните сили почнаа копнени операции во провинците Хомс и Хама, а водат борби и во источните предградија на Дамаск.
Напредувањето на сириската армија се одвива со добро темпо. Пентагон признава дека противниците на Асад се потешко ги задржуваат претходно заземените села , пишува рускиот Фонд за стратешка култура.
„Воините на џихадот“ се лошо снабдени со оружје, странските платеници бегаат, а нивните симпатизери гледаат како да исчезнат во толпата. За Белата куќа е се попроблематично да затвора очи од промената во балансот на силите. Администрацијата на претседателот Обама има многу мал избор: да започне соработка со Русија или отворено да застане на страната на вооружените исламисти.
Американците на ум имаат уште една варијанта: Вашингтон настојува да не се меша случувањата во северна Сирија против подршка за своето сценарио – земјата да биде поделена на неколку зони, контролирани од противниците на Асад. Еден вид специјални енклави за поединечни религиозно-етнички групи од сириското население.
Американските политичари како основа избраа модел, поедноставен до апсурд, за судирот „шиити-сунити“, затоа што во Сирија Арапите сунити војуваат меѓу себе со не помала жестина отколку со владините војски, чиј офицерски корпус вклучува мнозина сунити кои се наклонети на Асад.
Според податоци на ОН, во 2011 година, пред да започне граѓанската војна, во Сирија живееле 20,8 милиони луѓе од 33 етнички групи. Апсолутно преовладуваат Арапите, но и тие се делат на различни народности: сириски Арапи (над 14 милиони), Арапи бедуини од рамнините крај пустините (1,59 милиони), палестински Арапи (0,59 милони), либански Арапи (0,13 милиони) и други арапски дијаспори (Арапи од северен Ирак, Арапи од Јордан, левантски бедуини).
Независно од долгогодишната блискост со исламскиот режим во Иран, Сирија беше меѓу најсекуларните држави на Блискиот Исток. „Блискоста меѓу шиитите“ никогаш не била на прво место во сојузот со Техеран, туку и покрај тоа таа воопшто не се користеше како идеолошки аргумент. Всушност и немаше како, затоа што арапскиот дел од сириското општетсво, кое практикува сунитски ислам, надминува 80 проценти од населението. Алавитите и други кои ист зборуваат арапски (севернолевантски дијалект) се малцинство во Сирија и бројат според проценките околу два милиони души.
Да додадам дека на пописот во Сирија алавитите не беа одделени како посебна група. Етничката политика на династијата Асад создала далеку од идеален, но речиси стабилен систем во кој врските и конфесионалните разлики до голема мера се пеглаа од идеите за општа национална свест – во неговите рамки граѓаните на прво место се определуваа као Сиријци, а дури малку по тоа – како Арапи, Курди, алавити и други.
Владата на Асад се уште има поддршка од голем дел од сунитите. Политиката водена од САД занемарува важни специфични црти од структурата на сириското население, ги игнорира суштинските факти за тоа кој против кого е таму.
Иако Вашингтон располагаше со доволно време за да ги сфати нештата: наскоро ќе завршат пет години откако Америка чека Дамаск да капитулира секој момент. Но, напразно. За огромно мнозинство Сиријци, Асад е помалото зло од неговите политички противници, кои стремат на највисоката позиција. Што се однесува до терористичките групации, нивната социјална база во сириските средини е многу незначителна.
Во сите овие години против Дамаск војуваа илјадници странци, многумина од нив платенци и ништо повеќе. Борците на Исламска држава кои дојдоа од Ирак беа и остануваат окупатори за Сиријците, за што доказ е тоа што 80 проценти од луѓето ги напушител регионите кои се под нивна котрола.
За кого се подготвуваат Американците да го остават тој дел од Сирија, кој е веќе вклучен од ИД во составот на нивниот „Калифат“? Сириските Арапи сунити не ги сакаат енклавите кои ги предлагаат САД. За нив не молат ниту локалните Курди, како ни десетте проценти шиити во Сирија.
Курдите најмногу живеат компактно, без да се мнозинство дури и во североисточна Сирија која граничи со Турција, каде се околу 30 до 40 проценти од населението. Нивните односи со сириските власти никогаш не биле лесни; Дамаск одлучно ги гушеше сепаристичките идеи меѓу локалните Курди и не дозволуваше да се зближуваат со сонародници од соседните држави и им ги огрануичуваше политичките и граѓанските права.
Но, граѓанската војна ја смени политиката кон Курдите. Владата на Асад која претходно одбиваше да издава пасоши за многу Курди, веќе им додели сириско државјанство на 2,5 милиони Курди. Дамаск ги повлече војските од регионите населени претежно со Курди, и им дава доверба во борбата со вооружените исламисти кои во земјата влегуваат преку Турција, за таа цел беа формирани курдски формации за самоодбрана. Повеќето села од регионот минаа под курдска контрола.
Сега Дамаск не го оспорува постоењето на Курдите и ги гледа ако потенцијални сојузници. За лојалноста Асад вети дека ќе воведе автономија за сириските Курди, кои веќе најавија создавање на кантон (провинција) Кобане и Сириски Курдистан, но Дамаск се уште официјално не ја признал таа енклава.
Самата идеја Курдите да добијат автономија за Американците изгледа симнителна. САД тука гледаат отворено противење од страна на Анкара. Турската Влада прави се и ќе прави и натаму се што е можно за да не дозволи Курдите во Сирија да создадат автономна формација, како што се случи во Ирачки Курдистан. Америка не може да ја смени позицијата на Турција – Анкара нема да ја поддржи американската идеја Сирија да биде поделена.
Во моментов активностите на САД во пракса незадоволство кај сите нивни сојузници, вовлечени на некој начин во сирискиот конфликт. Вашингтон тешко би можел да смета на разбирање штом неговата политика не одговара на прашањето кое е главниот непријател на американците во Сирија.
Саудиска Арабија и нејзините сојузници крај Персискиот залив чекаат потврда дека САД и во иднина ќе војуваат против Асад, но не и против радикалните исламисти. Турција исто се изјаснува против Асад, но сака да војува со Курдите, а не со бандитските тероритичи формации. Другиот сојузник на САД, Ирак не се противи против создавањето курдска држава; него повеќе го плаши перспективата наместо Асад со Дамаск да управуваат главешините од ИД.
Европејците се незадоволни од неактивноста на Американците, со што се повеќе се губи можноста да запре приливот на сириски бегалци во Стариот свет. Американските политичари јавно се исправени пред нерешливата за нив задача – треба да им угодат на многу сојузницим чии желби взамено се исклучуваат.
Во сета таа збрка замислата да биде запрена војната во Сирија со поделба на земјата и создавање на слаби енклави изгледа е обид на САД конечно да избегаат од одговорноста за овој случај. Блискоисточната политика на Обама се исцрпи. Вашингтон нема конструктивни идеи за Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.