| четврток, 6 декември 2018 |

Прогласена 30 дена вонредна состојба на Малдиви

30-dni-izvynredno-polojenie-na-maldivite-336064

Претседателот на Малдиви, Абдула Јамин, објави 30 дена вонредна состојба поради закана за националната безбедност, соопштија американските медиуми.
Одлуката била донесена откако при две операции, војници и полицајци пронашле оружје и експлозиви, скриени недалеку од резиденцијата на шефот на државата, соопшти главниот обвинител.
Тензиите на Малдивите се засилија по 28 септември, кога на претседателскиот брод се случи експлозија, во која претседателот не настрада.
ФБИ кој истражува што се случило, рече дека нема докази дека имало поставена бомба, но властите, кои тврдат дека станува збор за атентат врз претседателот, извршија серија апсења.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top