Бегалската криза отвори нов вреден пазар, но овојпат со талибански пишани закани за смрт кои на наводните жртви треба да им овозможи полесно да добијат азил во Европа, објави германски Билд.
– Последно предупредување до тебе. Одлучивме да те убиеме, пишува на лист хартија А4 формат, издадено по налог на лидерот на талибанците Мула Омар, кој меѓутоа, одамна е мртов. Билд провериле и како се добиваат тие „документи“.
Со посредување на човек по име Мохамед, репортерот на весникот за само четири дена добил во еден кафебар во Кабул „смртна пресуда“ издадена на негово име.
Мохамед му рекол на новинарот на Билд дека за илјада евра може да купи такво писмо закана од талибанците и дека досега издал стотина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.