Интересот на жителите од Крива Паланка и од Ранковце за вакцинација против сеознски грип е голем, информира доктор Елена Kрстевска од Подрачната единица на хемиско-епидемиолошката служба на Центар за јавно здравје од Крива Паланка.
– Вакцинацијата против сеознскиот грип во нашата служба започна на 14 октомври, а од набавените 240 дози од вакцината останаа уште околу педесетина. Годинава беа обезбедени и повеќе вакцини споредено со лани, кога имавме само 180, а толку се потрошени досега од годинашните дози – изјави Крстевска.
Најголем процент од граѓаните кои досега се вакцинирале се хронично болни лица на возраст над 62 години.
– Од вкупниот број лица кои ја примија вакцината најголем број се хронично болни лица над 62 години, додека исто така значителен е и бројот на лица на возраст од 30 до 62 години кои ја примиле вакцината – рече Крстевска.
Нагласува дека дел од лицата кои се вакцинирале против сезонски грип го сториле тоа на сопствена иницијатива, додека постои број на пациенти кои истото го сториле по препорака на матичните лекари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.