| четврток, 6 декември 2018 |

Заборавена тригодишна бегалка чека некој кој го зборува нејзиниот јазик

Пред повеќе од еден месец во парк во Велика Горица, Хрватска, прнајдена е тригодишна напуштена бегалка. Таа веднаш била сместена во Домот за незгрижени деца во Загреб, каде вработените се обидуваат да комуницираат со неа, но проблемот е што не знаат ни на кој јазик зборува, пишува хрватски „Нет“.

Од домот велат дека не знаат ни како се вика, туку со неа се разбираат преку гестови, но и дека веќе ја научиле неколку хрватски зборови.

Воспитувачките се обиделе да зборуваат со неа со помош на преведувачи од арапски и од турски јазик, но без успех. Реагирала само на урду, официјалниот јазик на Пакистан, но говорникот бил дете и со него не сакала да разговара, како што претпоставуваат од Домот, затоа што е машко.

За девојчето нема никакви податоци, а се претпоставува дека има околу 3 години, затоа што покажува зрелост за таа возраст. Постојат и неколку акции преку „Фејсбук“ да се пронајдат нејзините родители или некој кој би знаел нешто повеќе за неа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top