Мелнилчарите ќе обезбедат семенски материјал за производство на пченица и бесплатно ќе им го дадат на земјоделците. Земјоделците, пак, по жетвата, на мелничарите ќе мора да им вратат меркантилна пченица во однос 2:1. Оваа мерка, договорена меѓу двете страни, ќе се спроведува под медијаторство на Министерството за земјоделство.
Според претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Ефтим Шаклев, ваквиот договор е добар зашто ќе овозможи да се утврди начинот на снабдување со сертифиран семенски мартеријал од страна на земјоделците, а производителите на семенски материјал ќе знаат во текот на годината колку колични и сорти на семенски материјал да произведат. Мелничарите, пак, ќе добијат квалитетна пченица за производтво на лебно брашно.
Ваквото решение, воедно, додаде Шаклев, е крај на проблемот со кој се соочуваат земјоделците при производството на пченица.
– Во моментов мелничарите ќе обебедат околу 400 тони семенски материјал кој ќе им биде даден без пари на земјоделците. Оваа мерка треба задолжително да се применува во 2018 година, бидејќи без користење сертифицирани семенски материјал нема да има исплата и на субвенции, рече Шаклев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


