Дел од најтврдокорните членови на Студентскиот пленум одбиваат да се вселат во тазе реновираните соби од крилото Б на студентскиот „Гоце Делчев“.
Ова радикално крило на пленумот соопшти дека не и верува на оваа влада и нејзините проекти, како и дека нема време да ги наоѓа маните во реновираниот студентски дом што би била и основна функција на нивното вселување во домот.
„Ова требаше одамна да биде направено. И не само ова крило, туку сите четири крила требаше да бидат одамна направени. И сите други студентски да се реновирани, како и да се направат нови.“, одлучно велат од пленумот.
„Нема да нè залажат со само едно крило, птиците не може да летаат со едно крило. Ние сме птици, сите се птици, целиот свет треба да лета“, додаваат членовите на Студентскиот пленум.
Неофицијално, ова радикално крило на пленумот кое за инат на реновираното крило се нарече „Осман Ага“ планира да протестира пред реновираниот блок Б на „Гоце Делчев“ бидејќи смета дека му е одземен уште еден аргумент во борбата.
Најрадикалните од пленумот „Осман Ага“ планираат и самозапалување доколку екстерното биде укинато и смисолот за нивно живеење престане да постои.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст