| четврток, 6 декември 2018 |

Ако Ред Бул продолжи да се натпреварува во Формула 1, Квјат и Рикардо остануваат

Формула 1 тимот на Ред Бул од порано е познато дека има проблем за идната сезона. Откако спогодбено го раскинаа договорот со Рено за снабдување со мотори за 2016, австрискиот тим размислува да го напушти најбрзиот циркус.
Сепак првиот човек на Формула 1 Берни Еклстоун, најави тужба против Ред Бул доколку тимот не се натпреварува во следната сезона, челниците на австрискиот тим се растрчани да најдат соодветно решение за своите болиди за следната сезона.
Ако тое се среди, што е взаемен интерес на двете страни, и во 2016 година возачи на тимот остануваат Даниел Рикардо и Данил Квјат. Австралиецот има договор до 2018 година, додека Квјат се покажа одличен во својата дебитантска сезона и најави дека има голем потенцијал.

– Договорот со Рикардо е среден, а имаме опција да го задржиме Квјат. Одлично му оди и ако учествуваме во шампионатот, тој ќе биде во тимот”, изјави еден од првите луѓе во тимот Кристијан Хорнер.

Тој ги демантираше шпекулациите дека Макс Ферстапен од Торо Росо ќе добие шанса во Ред Бул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top