| четврток, 6 декември 2018 |

Началник на Генералштаб на САД тврди дека Русија e најголема закана за нив

Началникот на Генералштабот на копнените сили на САД Марк Мили, кој неодамна се вратил од Киев, ја нарекол Русија најголема закана за САД.

москва

Основата на неговата изјава е поради тоа што Русија поседува нуклеарно оружје како и можноста таа да го искористи.

– Русија е единствена држава во светот со нуклеарни способности да ги уништи САД, што означува и егзистенцијална закана. Со неодамнешните однесување, Русија покажа дека ќе биде подготвена да користи таков вид оружје, навел Мили на Првиот самит за одбрана одржан во Вашингтон.

Весникот додава дека истата фраза две недели пред него, ја користел во Сенатот и началникот на Здружениот генерал штаб на вооружените сили на САД, Џозеф Данфорд за време на поставувањето на функција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top