МВР информира дека граѓанин на општина Центар пријавил дека член на избирачки одбор му ја зел личната карта и не му дозволил на гласа вчера за време на локалните избори.
МВР соопшти дека на подрачјето на Центар, Д.С.(1967) поднел записник за примање кривична пријава против Н.Н., лице член на избирачка комисија на гласачко место број 2867 во Скопје, лоцирано во Основното училиште „Коле Неделковски“ поради постоење основано сомнение за кривично дело повреда на избирачко право според член 159 од Казнениот законик на РМ.
Истиот пријавил дека вчера околу 17.30 часот со намера да го оствари своето гласачко право отишол на гласачкото место, но откако влегол на гласачкото место и ја дал личната карта на засега непознато службено лице, кое ги спроведувало изборите, настанала турканица на гласачкото место, по што при таа гужва службеното лице му ја одзело личната карта, ја ставило в џеб и му кажало дека не може да гласа, по што лицето ја напуштило просторијата и отишло во непознат правец.
Во врска со наведеното, од страна на полициски службеници се преземени мерки и дејствија и извршени се проверки кај полициските службеници што го обезбедувале процесот на гласање на гласачкото место 2867 и констатирано е дека полициските службеници што го обезбедувале избирачкиот процес биле информирани за настанот на гласачкото место бр. 2867, но од страна на претседателот на избирачкиот одбор не е побарана полициска интервенција.
Исто така, настанот го пријавил и во Државната изборна комисија и во Општинската изборна комисија „Центар“, каде што поднел приговор за попречувањето на неговото избирачко право. Од страна на СВР Скопје во тек се проверки со цел расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Граѓаните на БиХ и Македонија од утре ќе патуваат само со лични карти
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил