| четврток, 6 декември 2018 |

Почна сезоната на вирози, амбулантите преполни

Во меѓувреме голем број од граѓаните превентивно се заштитија од сезонскиот грип. Според податоците повеќе од половина од набавените 31 000 вакцини се потрошени. Во скопскиот центар вакцина примиле над 3600 лица од кои околу 500 тини се здравствени работници

Вирозите ги наполнија ординациите на матичните лекари. Дневно лекарска помош бараат повеќе од 50 пациенти. Почна сезоната на грип, но уште е со мал интензитет. Досега Институтот за јавно здравје регистрирал само 148 заболени, но нема лабораториска потврда кој тип на вирусот циркулира во земјата. Лекарите со укажување до пациентите – секоја настинка не е грип и немаат исти симптоми.

-Настинката е со течење на нос и болки во грло и обично трае од еден до три дена. Грипот е со малку потешка клиничка слика и може да трае до седум дена. Овој период има зголемен број пациенти и најмногу се со инфекции на респираторните патишта – вели Христина Лескароска, матичен лекар.

Температурата под нула во утринските часови и високите 20 степени преку ден се вистински шок за организмот. Според лекарите овие температурни разлики од 25 степени ги погодуваат сите, а најмногу хронично болните и метеопатите.

-Овие температурни разлики прават дополнителни проблеми и се шок за организмот. Потребно е поголемо консумирање овошје и зеленчук, витамини, чист воздух – вели Лескароска

Во меѓувреме, голем број од граѓаните превентивно се заштитија од сезонскиот грип. Според податоците, повеќе од половина од набавените 31.000 вакцини се потрошени. Во скопскиот центар вакцина примиле повеќе од 3600 лица од кои околу 500 се здравствени работници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top