| четврток, 6 декември 2018 |

Нови детали за последните мигови на рускиот „ербас“

ruski avion

Британски „Телеграф“ објави податоци од радарски системи што ги следат движењата на авионите кои покажуваат дека рускиот „ербас“ во последните моменти пред исчезнувањето одел горе-доле невообичаено брзо. Во еден момент за само три секунди се искачил дури на 3.000 стапки (914 метри), за потоа за само неколку секунди да пропадне за 3.000 стапки. Истото се случило и неколку моменти подоцна, по што леталото исчезнало од радарот.

Податоците од радарот покажуваат и дека авионот во моментите пред исчезнувањето рапидно забавувал. Сите податоци се собрани преку специјализираниот сервис за следење на авионот Флајт радар 24, кој според „Телеграф“ дава доверливи податоци, иако постојат случаи во кои апаратите кои ги следат авионите од земја даваат неточни информации. Во моментот нема причини да се верува дека информациите не се точни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top