| четврток, 6 декември 2018 |

Сте чуле ли за подводните “житни кругови”? (видео)

На длабочина нешто повеќе од 20 метри на брегот на Јапонија подводниот фотограф Јоџи Ооката открива геометриски форми, кои до овој момент не се документирани.

Излегува дека фигурите со ширина од над два метри се дело на мала риба-еж која во период од неколку часови во песокот со своите перки прави различни движења и дури ги покрива браздите со скршени школки.

Фигурите не се таму за да го декорираат дното. Привлечени од нив, женските рипки го откриваат мажјакот, а по оплодувањето потомство го поставуваат во центарот на кругот.

Скршените школка исто така не се таму напразно – тие содржат вредни хранливи материи за младите рипчиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top