https://www.youtube.com/watch/default.jpg" /> https://www.youtube.com/watch/default.jpg" /> https://www.youtube.com/watch/0.jpg" /> https://www.youtube.com/watch/1.jpg" /> https://www.youtube.com/watch/2.jpg" /> https://www.youtube.com/watch&hl=en&fs=1&rel=0&autoplay=1" /> https://www.youtube.com/watch&hl=en&fs=1&rel=0&autoplay=1">
| четврток, 6 декември 2018 |

Што навистина мислат мажите за сексот со кондом

Имањето на безбеден секс е витално за вашето здравје, меѓутоа често се мисли дека мажите нема да уживаат толку во сексот доколку користат кондом – но дали навистина е така? Истражувањата откриваат дека основниот пристап на повеќе од третина од мажите е да се обидат да го избегнат користењето на кондом, меѓутоа еден нов краток документарен филм во рамките на проектот покажува дека повеќето сметаат дека околу носењето на кондом не се преговара – 79% од младите мажи велат дека дополнително ги пали кога девојката инсистира на кондом.

Истражувањето исто така покажало дека безбедниот секс не е приоритет за адолесцентите, со оглед на тоа дека тие веруваат дека непријатни работи нема да им се случат. Подлабокото истражување откри шокантен недостаток на знаење за Сексуално Преносливите Инфекции (СПИ), непланирана бременост и сексуалните ставови на спротивниот пол. Младите луѓе знаат дека треба да користат кондом секогаш, меѓутоа во клучниот момент, нивниот личен правилник често се занемарува. Изгледа дека на повеќето од младите лица им недостасува загриженост за последиците од небезбеден секс, или пак не се доволно самоуверени да инсистираат на употреба на кондом – така што се согласуваат на преземање ризици, иако знаат дека не треба да го сторат тоа.

Широко раширениот став дека “тоа нема да ми се случи на мене” и недостаток на знаење за ризиците од СПИ и непланирана бременост, само ја распламнуваат таканаречената “култура на недостижност”, односно верување дека постоечките ризици нема да стигнат до нас.

Фактите се јасни: 40% од сексуално активните лица во Британија на возраст од 16 до 24 години признале дека имале секс со повеќе од една особа, каде не користеле кондом, додека пак 61% се согласиле дека не размислуваат често за кондоми, се додека навистина не им треба тоа. Покрај заедништвото во преземање ризици, само 14% од испитаниците кажале дека Сексуално Преносливите Инфекции (не вклучувајќи ги ХИВ и СИДА) е нивната главна загриженост. Помалку од четвртина изјавиле дека нивната најголема загриженост од незаштитениот секс е дека може да им се случи непланирана бременост. Статистиките и погледите на испитаниците ја покажуваат скалата на моменталните бариери кон безбедниот секс. Речиси половина (48%) од нив сметаат дека ХИВ и СИДА не се нешто кое ќе им се случи на нив или на нивните пријатели.

Дурекс верува дека истражувањето и филмот открија некои нови начини во однос на тоа како да се соочиме со овие предизвици и да започнеме да ги менуваме ставовите во врска со безбедниот секс. Брендот лансира сеопфатна онлајн платформа: http://whenitsonitson.durex.co.uk/when-its-on-its-on/ , која им обезбедува на младите луѓе практични и искрени совети за сексот и врските. Платформата ќе содржи практични совети, прилози и видеа на теми поврзани со довербата, безбедниот секс, СПИ и непланирана бременост.

-Природно, безбедниот секс треба да биде одговорност и на двајцата партнери, меѓутоа за време на истражувањето откривме дека многу често девојките го имаат крајниот збор. Сепак, голем дел од нив исто така ни кажаа дека иако знаеле дека треба да инсистираат на кондом секој пат, реалноста е често различна кога ќе дојде моментот и кондом не се користи поради најразлични причини. Една заедничка причина која ја изнесоа голем дел од нив беше дека се загрижени дека ако инсистираат на кондом, ќе го “убијат” расположението кај нивниот партнер и тој повеќе нема да биде расположен за секс. Овој страв од одбивање или од спласнување на расположението се главните бариери за многу млади жени, меѓутоа во повеќето случаеви откривме дека сепак, мнозинството и покрај се, инсистираат на носење кондом.”, изјави Марк Пирсон, Регионален Бренд Директор за Дурекс во Велика Британија.

Повеќе информации за кампањата и платформата можете да пронајдете на веб страницата на платформата, или  на следното видео: https://www.youtube.com/watch?v=lM4N81hA36Q

Истражувања во Македонија во однос на тоа колку од средношколците и студентите користат кондоми и колкаво е нивното познавање во поглед на заштитата од СПИ и непланирана бременост. Ситуацијата во средните училишта беше алармантна, со само 62% од средношколците кои изјавиле дека користат кондом и со 2/3 од нив кои ги чуваат кондомите на несоодветни места, со што може да се предизвика нивно оштетување.

Кај студентите пак ситуацијата е релативно подобра, со 94% од нив кои потврдиле дека користат кондоми, меѓутоа не при секој сексуален однос и не со сите партнери. Загрижувачко кај оваа група на млади лица беше ставот на речиси половината од испитаниците кои сметаа дека купувањето на кондоми секогаш треба да биде обврска на мажот, што претставува алармантна бројка на лица кои веруваат во одреден стереотип кој во никој случај не е точен.

-Податоците кои произлегоа од истражувањето покажаа алармантна бројка на млади луѓе кои имаат делумни, или пак дури и елементарни непознавања за безбедниот секс, контрацепцијата и заштитата од сексуално преносливите инфекции. Дел од нив произлегуваат од фактот дека младите луѓе во врска со сексот најчесто се советуваат едни со други, или пак бараат информации на интернет, каде има најразлични одговори и совети, од кои голем дел не се точни. Многу ретко решаваат да се консултираат со стручни лица на оваа тематика, така што нашата мисија е преку директен контакт, како и преку медиумите да придонесеме кон правилна едукација за сексот меѓу младите во Македонија, изјави Ренната, еден од македонските Дурекс амбасадори.

Поради овие податоци, Дурекс Македонија започна кампања за едукација на младите лица преку своите Дурекс Амбасадори, со цел овозможување на повеќе информации и знаење на младите луѓе во врска со контрацепцијата, употребата на кондоми, како и ефективната заштита од Сексуално Преносливи Инфекции.

-Почетокот на кампањата за едукација на Дурекс беше релативно тешка – младите луѓе не прифаќаа со доза на резервираност, или пак сметаа дека се работи за некоја шега. Безбедниот секс и кондомите се сеуште релативно табу-тема во дел од нашето општество, меѓутоа како што зачестуваа активностите, така се зголемуваше интересот кај младите и нивната подготвеност да соработуваат со нас и секако, да научат нешто повеќе, што навистина ме радува, изјави Виктор Апостоловски, кој е Дурекс амбасадор за Македонија веќе втора година по ред.

 

Дурекс Македонија најавија уште голем број на активности во наредниот период кои ќе бидат насочени токму кон едукација на младите лица за заштита од Сексуално Преносливите Инфекции.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top