Ако до пред неколку години македонските граѓани беа уплашени да купуваат онлајн поради сомнежот дека податоците од нивните платежни картички не се доволно безбедни или ќе бидат злоупотребени, денес во Македонија онлајн купувањето стана секојдневние. Стекнатата доверба се должи на големата експанзија кај македонски компании кои преку своите веб-страници овозможија онлајн купување и плаќање, нешто што во странство веќе со години е вообичаена работа. Но со надминување на таа бариера се создаде нов проблем, не на домашниот пазар, туку при купувањето на производи од странски онлајн продавници. Оналјан продавниците каква што е на пример AliExpress несомнено нудат широк спектар на производи, но многу често не бил секој задоволен од тоа што го нарачал, а го добил за возврат. Голем број примери на социјалните мрежи сведочат за такви искуства при купување од вакви популарни онлајн шопинг платформи. Неодамна на Фејсбук имаше сведоштво од едно момче кое нарачало мобилен телефон од една од ваквите онлајн продавници по намалена цена во споредба со домашниот пазар, но телефонот не издржал повеќе од еден месец. Гаранција за тоа немало, па овластениот сервис што е во Македонија не можеле да му помогнат да го реши проблемот. Сличен пример било и со нарачките на заштитните маски и гаџети за телефон, кои не одговарале соодветно за моделот на телефонот иако биле наменети токму за него. Да не ги заборавиме парчињата облеки кои се далеку од она што е прикажано на фотографиите, почнувајќи од моделот, дизајнот, материјалот на изработка и на погрешниот конфекциски број. Сето тоа создава сомнеж дали нависина вреди да купувате од таму и дали се исплати ризикот за тоа. Чекањето на артиклите повеќе од месец дена е само податок плус кој внесува неизвесност дали и кога ќе стигне тоа што сте го нарарачале.
Низата на вакви примери и негативни искуства го отвараат прашањето: Дали македонските граѓани се подготвени да платат помалку за нешто што e помалку квалитетно, што носи ризик или да платат приближна цена до таа која се нуди на странските интернет продавници, па за возврат да добијат гаранција, сервис и сигурна испорака од македонските компании? А посебно да се запрашате при идејата за купување техника затоа што големите маркети за техничка стока во Македонија нудат гаранција и сервис за своите производи, а разликата во цените со странските шопинг платформи е скоро иста, тогаш зошто би купувале нешто од таму кое веќе го имаме на нашиот пазар?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст