| четврток, 6 декември 2018 |

Почна сезоната на настинките: Секој втор е со растечен нос и болки во грлото

Секој втор е со растечен нос и болки во грлото. Вирозите ги наполнија ординациите на матичните лекари. Дневно лекарска помош бараат над 50 пациенти. Сезоната на грип почна, но се уште е со мал интензитет. Досега Институтот за јавно здравје регистрирал само 148 заболени, но нема лабораториска потврда кој тип на вирусот циркулира во земјата. Лекарите со укажување до пациентите – Секоја настинка не е грип и немаат исти симптоми.

-Настинката е со течење на нос и болки во грло и обично трае од еден до три дена. Грипот е со малку потешка клиничка слика и може да трае до седум дена. Овој период има зголемен број на пациентите и најмногу се со инфекции на респираторните патишта, вели Христина Лескароска, матичен лекар.

Минусните температури во утринските часови и високите 20 преку ден се вистински шок за организмот. Според лекарите овие температурни разлики од 25 степени ги погодуваат сите а најмногу хронично болните и метеопатите.

-Овие температурни разлики прават дополнителни проблеми и се шок за организмот. Потребно е поголемо консумирање на овошје и зеленчук, витамини, чист воздух, вели Лескароска

Во меѓувреме голем број од граѓаните превентивно се заштитија од сезонскиот грип. Според податоците повеќе од половина од набавените 31 000 вакцини се потрошени. Во скопскиот центар вакцина примиле над 3600 лица од кои околу 500 тини се здравствени работници

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top