| четврток, 6 декември 2018 |

Вработена во скопски хотел криела илегалци

granicna policija

Млада жена од Скопје, вработена во хотелот „Арт“, е пријавена затоа што при рација во хотелот е најдена илегална мигрантка од Мали.

Пријавата ја поднела граничната полиција за Е.З.(27) од Скопје, за кривично дело шверцување мигранти.

На 3 месецов, околу 15 часот, во Скопје во хотелот „Арт“, каде што пријавената е вработена, при извршена контрола од страна на полициски службеници е затекната една државјанка на Мали, без документи за идентификација, која претходно илегално влегла во Македонија од Србија и била прифатена и сместена од страна на пријавената.

Истражен судија на пријавената ѝ изрече заштитна мерка одземање на патната исправа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top