Кина е една исклучителна земја, која одамна се претвори во политичка и економска сила. И додека целиот свет ја гледа земјата како исклучително поволна за инвестиции и шанса за преместување на целото производство, Кина планира да го разбере и мислењето на останатите земји, испраќајќи ги своите обучени шпиони, кои имаат потреба од важната информација.
Најинтересно е дека англиските M16, споделиле за една нова опасност, кинески специјални агенти. Британското разузнавање ги предупреди своите агенти дека надвор од службата ќе ги очекуваат стотици убави и примамливи азиски девојки, кои се обидуваат да ги привлечат во кревет поранешните MI6 агенти.
Самиот Дејвид Камерон бил известен дека азиските жени се многу поголема закана отколку „Исламска држава“. И уште пострашно е дека кинеските агентки не се заинтересирани само за поранешни агенти, туку и за нивните семејства, тие биле подготвени на сѐ, за да дојдат до тајните на поранешните вработени.
Се разбира, главниот фокус е отворањето на идните бизнис и социјални програми. Дамите биле специјално обучувани и требало да нудат неверојатен секс, во замена за пријатните разговори потоа.
Ако планот не функционира, дамите започнувале да ги уценуваат своите цели и да се закануваат дека сѐ ќе пуштат на интернет.
Виртуелниот криминал е втора голема единица, бидејќи се смета дека сите напади кон Велика Британија доаѓаат од специјална единица во Кинеската ослободителна армија – одред 61398. Таму можат да бидат откриени многу сериозни кадри, кои ги знаат слабостите на мрежата и немаат ништо против да ги извлечат потребните податоци, тие не нудат сексуални услуги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.