Сојузот на синдикати на Македонија со пакет активни мерки започнува кампања против непријавената работа.
Кампањата ќе се спроведува во следниот период, а ќе содржи низа мерки почнувајќи од обуки за невработените до активности со кои ќе се укаже што треба да се преземе за заштита на вработените од работата на црно.
– Ја започнуваме кампањата против ова општествено зло, односно против работата на црно. Анализите од досегашните испитувања покажаа дека неформална економија во Македониј е околу 22,5 проценти – истакна претседателот на ССМ Живко Митревски на денешната прес-конференција.
Во Европската унија, како што посочи Митревски, овој процент се движи некаде од 19 до 22 проценти.
Спроведените истражувања покажуваат дека најмногу работата на црно ја има во земјоделството, градежништвото, транспортот, хотелиерството, трговијата и услугите. Најпогодени од оваа работа се лицата на возраст од 15 до 30 години, а опфатени се и студентите и пензионерите. Работата на црно е особено присутна во сезонската работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев злоупотребува деца во политички цели, Одбусманот предвидува казна за вакво дело
-
Во среда ќе се знае колку партии ќе учествуваат во кампањата за референдумот и колку пари ќе добијат
-
Кампањата за референдумот ќе чини 80 милиони денари
-
Владата в среда ќе ја одреди сумата што ќе се потроши за референдумската кампања