Јавното обвинителство ja потврди веста дека е поднесен обвинителен акт за сообраќaјната несреќа која на почетокот на април се случи кај Универзалната Сала. Тогаш на лице место загина младата студентка Фросина Цекова од Крива Паланка, а возачот кој ја удри по неколкучасовно бегство сам се пријави во полициска станица.
Родителите на починатата Фросина неколку пати јавно искажаа сомнежи дека пријавениот 26-годишен Љубиша В. не го возел автомобилот со кој е удрена девојката и дека во внатрешноста на автомобилот се најдени отпечатоци од друго лице.
Во Јавното обвинителство посочија дека обвинителниот акт е поднесен против лицето кое само се предало за две кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и за „неукажување помош“. За време на истрагата утврдено е дека на воланот на автомобилот имало траги чиј ДНК профил одговара на сега обвинетиот Љубиша В, тврдат во Јавното обвинителство и според нив обвинетиот имал 1, 23 промили алкохол во крвта и не ги почитувал сообраќајните правила на раскрсницата каде се случила несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.