СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.Р.(44) од Штип, М.Л.(44), Р.Л.(24), двајцата од од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело грабнување и Ш.Д.(46) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело соизвршителство.
Пријавените на 8 октомври околу 14,00 часот, во Куманово во непосредна близина на бензинската пумпа „Макпетрол“, со патничко возило „фолксваген“, управувано од Ш.Д. се паркирале пред патничко возило „рено меган“ управувано од Б.А. од Р Србија во кое била М.С.(40) од Р.Србија, при што З.Р. М.Л. и Р.Л. поради тоа што истата претходно им зела пари ветувајќи им дека ќе ги носи во Германија.
Тие насилно ја внеле во нивното патничко возило и заминале од местото на настанот за да им ги врати паричните средства. По кратко време во населбата Карпош во Куманово тие се сопрени од страна на полициски службеници и приведени во СВР Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст