Компанијата сопственик на авионот што се урна над Синајскиот полуостров, соопшти дека не е можно леталото да имало каков било технички проблем заради кој би се случила катастрофата.
– Причината за уривањето на авионот не е техничка неисправност или човечка грешка туку надворешно влијание, соопштија од компанијата Метроџет.
Западни медиуми јавуваат дека екипажот на авионот не пријавил до контролата за летање никакви проблем, но и дека се пронајдени двете црни кутии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.