| четврток, 6 декември 2018 |

Ноември го почнуваме со температурa до 20 степени

есен

Во поголемиот дел од земјава времето е сончево. По одделни котлини има појава на слаба магла, а на повисоките места дува слаб ветер од северен и од источен правец. Воздушниот притисок утрово е многу висок, и е за 20 мерни единици повисок од просечниот, но во текот на денот ќе опаѓа, информираат од УХМР.

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб, а на повисоките места и на планините слаб до умерен ветер од североисточен правец. Дневната ќе се движи од 14 до 20 степени.

Во Скопје времето е претежно сончево со слаб североисточен ветер. Температурата ќе достигне до 18 степени.

Во наредните денови нашето подрачје и понатаму ќе остане под атмосферски систем со висок  воздушен притисок и стабилна воздушна маса.

Од утре ќе бидеме под влијание на потопла воздушна маса, па дневната температура ќе бележи пораст.  Условите за појава на утринска магла ќе бидат помали и застапени како поретка појава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top