Бред Пит и Анџелина Џоли верувале дека тоа е најдобро за нивното семејство, кога пред две години актерката се подложи на двојна мастектомија. Во интервју актерите раскажаа за тешкотиите и лекциите кои ги преживеале во овој важен момент од нивниот живот.
-Беше најправилното, но признавам дека беше застрашувачко решение- рече Бред, кој стоеше цврсто до сопругата во овој момент. Џоли избра да ги отстрани двете гради во 2013 година, како превентивна мерка, откако ѝ открија генетска мутација, која го зголемува ризикот од развој на рак на дојка. Оваа одлука беше проследена со втора операција во април 2015 година за отстранување на јајниците и јајцеводите.
-Знаев во периодот меѓу двете операции, дека тој е до мене. Знаев дека нема да се чувствувам помалку како жена, бидејќи мојот сопруг немаше тоа да го дозволи – изјави Анџелина.
Актерката ја загубила својата мајка, баба и тетка од болеста. Таа доби мешани реакции од страна на општеството, но категорично изјави дека не жали за изборот. Знаев дека тој е до мене, изјави Џоли.
-Никогаш не знаеш какви реакции ќе добиеш, но ги правиш изборите во животот сам. Јас го направив својот затоа што верував дека тој е најточен за мене – изјави Џоли. Од своја страна Бред рече дека би направил сè за да го задржи семејството заедно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се премислија-Џоли и Пит сепак не се разведуваат?
-
Џоли до мајките од Сребреница: Криминалот не смее да се заборави!
-
Ѓуро објави фотографија со Анџелина Џоли на „Фејсбук“, а одмаздата на неговата сопруга на „Инстаграм“ беше фотографија со…
-
Платила 25 милиони долари: Погледнете го новиот дом на Анџелина Џоли (ФОТО)