| четврток, 6 декември 2018 |

Нова несреќа: Се урна руски авион со 224 патници

Руски патнички авион, што утрово полета од летувалиштето Шарм ел Шејк за Санкт Петербург, се урна во централниот дел на Синај, потврди Канцеларијата на египетскиот премиер.

Формиран е кризен одбор кој треба да ги утври причините за несреќата.

Шефот на Управата за воздухопловни несреќи во Египет, Ајман ал Мукадам претходно соопшти дека авионот исчезнал од радарите и оти нема контакт со контролата на летање.

– На руската авиокомпанија им кажавме дека изгубивме контакт со авионот, но тој сигурно контактирал со турската контрола на летот и оти сега поминува низ турскиот воздушен простор, истакна Мукадам.

Руските воздухопловни власти соопштија дека во авионот има 224 патницви и членови на екипажот, а радарскиот контакт е изгубен во воздушниот простор на Кипар.

Авион е Ербас А-321 на руската воздухопловна компанија „Когалимавија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top