Во рамките од третото коло во кошаркарската Евролига се одигра дерби средбата меѓу двата тима кои се најсерозни кандидати за освојување на овогодишениот наслов шампион на стариот континтент, Фенербахче и Реал Мадрид.
Тимот на Перо Антиќ славеше убедлива победа на домашен терен во Истанбул со 77-66 и со тоа му го нанесе вториот пораз на европскиот шампион оваа сезона.
Тимот на Жељко Обрадовиќ тргна силовито и по само 4 минути игра имаше предност од 13-6. Сепак Реал Мадрид до финишот од првото полувреме се созеде и успеа да стигне до минимална разлика (20-18).
Тоа беше се што стори во текот на целиот натпревар бидејќи Фенер беше неприкосновен во одбраната дозволувајќи да прими само 66 поена.
Кај победничката екипа одлична партија пружија Луиџи Датоме и Екпе Удох со по 15 поени, а Богдан Богдановиќ беше стрелец на 12. Перо Антиќ одигра нешто повеќе од 11 минути и реализираше по четири поена и скокови.
Кај Реал Мадрид единствена светла точка беше шпанскиот репрезентативец Фелипе Рејес со 15 коша и седум скока.
Сите останати играчи не успеаја да постигнат двоцифрен број поени.
Во вториот натпревар одигран во терминот од 18 часот, Кхимки ја декласираше Црвена Звезда со огромни 91-53.
Во останатите денешни натпревари се среќаваат:
Баерн Минхен – Стразбур, Уникаха – Дарушафака, Зјелона Гора – Локомотив Кубан и Олимпија Милано – Олимпијакос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Перо Антиќ се појави со ретко виден „ѕвер“ вреден 200 000 евра (фото)
-
Искри на теренот на Фенербахче: Јаховиќ гради в гради со Шкртел, Демирел го фати Македонецот за врат (видео)