Четири од единаесет држави долж западнобалканскиот пат на мигрантите, се обврзаа дека ќе примат вкупно 12.000 бегалци. Четвртина од таа цифра ќе бидат примени во Србија, изјави денеска портпаролката на ЕК, Наташа Берто.
Таа додаде дека Србија ќе прифати 3.000, Австрија 4.000, а Хрватска и Словенија по 2.000мигранти кои ќе бидат распоредени во прифатни центри, јави Танјуг.
Запрашана дали Комисијата е задоволна со таа цифра со огле дека претседателот на ЕК побара сместување на 50.000 луѓе долж западнобалканската рута, Берто даде оптимистичен одговор.
– Планот е да бидат сместени 50.000 луѓе до крајот на годината, а за три дена веќе решивме престој на 12.000 – изјави таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.