На малата сцена на Драмски театар во Скопје, в понеделник во 20 часот е закажана премиерата на монодрамата „Црв“ на Борче Грозданов. Во монодрамата „Црв“ Мите Грозданов е актер и режисер, костимограф и сценогараф е Владо Ѓорески – Рафик, тон-мајстор е Чедомир Младеновски, декоратер е Перо Ралев и светло – мајстор е Митко Ризов.
– Ова е шеста премиера во Драмски годинава, а втора отако почна новата театарска сезона. Монодрамата „Црв“ е втора копродукција која се игра сезонава на сцената на нашиот театар по „Љубовници“ – изјави директорот на Драмски театар Роберт Велјановски.
Монодрамскиот приказ „Црв“ е работен по мотивите од романот „Вистина.Љубов – Рашомонијада“ од Дејан Трајкоски, а драматизацијата е на Борче Грозданов.
– Владо ми се виде интересен лик. Денес како и да не постојат такви ликови. Откако ја прочитав книгата на Трајкоски и ја направив драматизацијата, по негова сугестија му ја понудив на татко ми. Отпрвин ми беше чудно нему да му ја понудам – вели Борче Грозданов.
Ова е деветта монодрама во кариерата на Мите Грозданов кој иако со години официјално е пензионер, неуморен е и работи постојано. За себе вели дека има три матични театари – Театарот во Струмица, Драмски театар од каде што замина во пензија и театар „Македонија“.
– Откако го прочитав текстот му го дадов и на Бранко Ставрев да го види и да ми каже што мисли за него. Тешко е да се игра, бидејќи има многу текст, а во монодрамата си сам на сцената. Владо е лик кој е нестабилен, несигурен, дома ги тепа жената и децата, пие… Но, како што вели тој ’Човек ако не им помогне на другите не може да си помогне и на себе – вели Мите Грозданов, кој последен пат настапил на сцената на Драмски пред две години.
– Драмски не е само на Роберт Велјановски и на вработените, туку тој е и на луѓето кои ги оставиле и ги посветиле најубавите години од животот на овој театар. Таков е и Мите Грозданов, кој со децении на свои плеќи го носеше репертоарот на Драмски – вели Велјановски.
На Борче Грозанов, кој од шест-седум години го познава секое ќоше во Драмски му е посебно драго што првпат тој е на другата страна, не од кај публиката, туку зад сцената и тоа токму во времето која Драмски ја слави седмата деценија од постоењето.
До крајот на годината Велјановски најави уште три премиери во Драмски театар и тоа значи дека 2015 година ќе ја затворат со вкупно девет премиери.
– На осми декември е закажана премиерата на „Библијата“ која ја режиера Срѓан Јанаќиевиќ, вчера почнаа пробите на „Јов“ од Венко Андоновски, а во режија на Сашо Миленковски и ќе се работи уште една копродукција со театар „Фабрика“ – рече Велјановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст