| четврток, 6 декември 2018 |

За Москва употребата на сила без дозвола на Дамаск е неприфатлива

москва

Примената на сила без усогласување со Дамаск за Русија не е прифатлива, изјави денеска заменикот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, коментирајќи ја можноста за копнена операција на САД.

– Прашањето за употреба на воена сила во која било форма без согласност на Дамаск за нас е неприфатлива – рече заменик шефот на руската дипломатија.

– Оваа ситуација трае долго и тоа е една од темите за кои ние имаме темелни несогласувања со САД- додаде Рјабков.

Според него, треба да се мисли не за тоа „како да се закомпликува ситуацијата со Американците“, туку за заедничко изнаоѓање начини за решавање на сириската криза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top