| четврток, 6 декември 2018 |

Нема крај на проблемите на Карим Бензема со законот

karim benzema

Францускиот репрезентативец во редовите на Реал Мадрид, Карим Бензема, повторно ќе седне на обвинителна клупа откако пред неколку дена беше фатен како управува со моторно возило иако пред извесен период му беше одзема возачката дозвола.
Шпанското радио „Кадера Сер“ објави дека играчот на „кралевите“ бил фатен од шпанската полиција откако се враќал од вечера со неколку пријатели. Тој бил седнат на возачкото седиште и се обидел со „почетничка возачка дозвола“ издадена од Франција да мине кај полицајците. Сепак при контролата увидено е дека тој нема право да управува автомобил по што бил составен записник за случајот.
Бензема не бил уапсен, но против него ќе биде покренато обвинение и ќе мора да се појави пред судот во Мадрид.

Тој поради брзо возење по улиците на шпанскиот град на 15 март мораше да плати 18.000 евра, а воедно и му беше одземена возачката дозвола во период од осум месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top