Намирници кои се полни со хранливи состојки, а калориите им се скоро занемарливи. Тие секако ќе ви помогнат во губењето на калории, но ќе ви помогнат и во одржувањето на доброто здравје и на телесната тежина.
Kарфиол
Оваа храна нема калории. Карфиолот е одличен и за борба против ракот, бидејќи содржи многу хранливи материи и витамини.
Кафе
Кафето, исто така, нема калории. Значи, кога следниот пат ќе уживате во филџан од вашиот омилен пијалок, не грижете се за калории, освен ако не претерате со шеќерот, се разбира.
Марула
Има само 5 калории и нуди многу благодети. Не само што е вкусна салата, таа е одлична за кожата, нервите, бубрезите и за срцето.
Рукола
Една од најдобрите намирници со само 4 калории по порција. Малку лутиот вкус на руколата ќе му ја обезбеди вашето тело потребната количина на калиум, влакна и витамини, кои помагаат во губење на тежината.
Лимон
Еден лимон има само 20 калории. Како што веќе знаете, тој е полн со витамин Ц и е одличен и како додаток во салатите, наместо киселина.
Зелка
Зелка има само 22 калории. Одлична е како превенција во борбата против ракот и содржи многу хранливи материи. Пребогата со витамини.
Домати
Еден домат содржи 22 калории и му дава сјај на кожата и помага во отстранувањето на отровите од телото.
Аспарагус
Со околу 27 калории, аспарагусот ќе ви помогне да останете здрави и сити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.