| четврток, 6 декември 2018 |

СЗО: Не мора целосно да се исфрлат месните преработки од исхраната

сзо

Експертите на Меѓународната агенција за онколошки истражувања, кои предупредија дека обработените месни производи можат да предизвикаат рак, не повикаа за нивно целосно исфрлување од исхраната, туку потенцираа дека намалувањето на конзумацијата на тие производи може да го намали ризикот од рак на дебелото црево, соопшти вчера Светската здравствена организација.

Извештајот на Меѓународната агенција за онколошки истражувања ги потврдува препораките на СЗО во извештајот за исхраната и хроничните заболувања од 2002 година. Тогаш СЗО препорача да се намали конзумацијата на месните обработки, со цел да се намали ризикот за заболување од рак.

– Група експерти од СЗО редовно прават оценки на ризиците од исхраната – се вели во соопштението и се додава дека на почетокот на следната година тие ќе имаат средба на која ќе дискутираат за новите научни истражувања за местото кое месните преработки треба да ги имаат во исхраната.

Меѓународната агенција за онколошки истражувања на 26 октомври соопшти дека месните преработки се класифицирани како канцерогени за луѓето (од прва група) врз основа на голем број докази за тоа дека нивната конзумација предизвикува рак на дебелото црево.

Според нивната проценка 50 грама обработено месо дневно го зголемува ризикот од рак на дебелото црево за 18 отсто.

– Ризикот од појава на рак на дебелото црево и ректумот поради конзумација на обработени месни производи не е мошне голем, но тој се зголемува со зглемувањето на количината на конзумирањето на месни преработки – изјави претставникот на Меѓународната агенција за онколошки истражувања, доктор Курс Штрајф.

Необработеното црвено месо, како свинското, јагнешкото, телешкото, овчото и коњското се сместени во категоријата на потенцијално опасни од гледна точка на појава на тумори. Опасноста од кунзумација на црвено место е поврзана со тоа што тие содржат глифозат, супстанца, која е присутна во многу видови на хербициди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top