– Стручњаците на Меѓународната агенција за онколошки истражувања, кои предупредија дека обработените месни производи можат да предизвикаат рак, не повикаа за нивно целосно исфрлување од исхраната, туку нагласија дека намалувањето на консумацијата на тие производи може да го намали ризикот од рак на дебелото црево – соопшти вчера Светската здравствена организација.
Извештајот на Меѓународната агенција за онколошки истражувања ги потврдува препораките на СЗО во извештајот за исхраната и хроничните заболувања од 2002 година. Тогаш СЗО препорача да се намали консумацијата на месните обработки, со цел да се намали ризикот за заболување од рак.
– Група стручњаци од СЗО редовно ги оценуваат ризиците од исхраната, се вели во соопштението и се додава дека на почетокот на следната година тие ќе имаат средба на која ќе дискутираат за новите научни истражувања за местото кое месните преработки треба да ги имаат во исхраната.
Меѓународната агенција за онколошки истражувања на 26 октомври соопшти дека месните преработки се класификувани како канцерогени за луѓето (од прва група) врз основа на голем број докази за тоа дека нивната консумација предизвикува рак на дебелото црево.
Според нивната процена 50 грама обработено месо дневно го зголемува ризикот од рак на дебелото црево за 18 отсто.
– Ризикот од појава на рак на дебелото црево и ректумот поради конзумација на обработени месни производи не е мошне голем, но тој се зголемува со зголемувањето на количината на консумирањето на месни преработки – изјави претставникот на Меѓународната агенција за онколошки истражувања, доктор Курс Штрајф.
Необработеното црвено месо, како свинското, јагнешкото, телешкото, овчото и коњското се сместени во категоријата на потенцијално опасни од гледна точка на појава на тумори. Опасноста од кунсумација на црвено место е поврзана со тоа што тие содржат глифозат, супстанција што е присутна во многу видови хербициди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст