Минатата недела во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) биле пријавени 66 заболени од грип со што вкупната бројка за оваа сезона се искачи на 148.
Болни од грип има во 12 градови. Најмногу се регистрирани на регионот на Тетово (55) и Куманово (47), Прилеп (13) и Скопје (12), а во останатите региони има спорадични случаи.
Пред две недели почна и имунизацијата против грип. Според податоците на ИЈЗ досега вакцини примиле 17.430 лица. Вакцини примиле и 454 здравствени работници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.