| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемен интересот за вакцини против грип во Кочани и Виница

Заводот за јавно здравје од Кочани за потребите на одделнијата во Кочани, Виница, Берово, Делчево и Пехчево обезбеди над 2.000 вакцини против сезонски грип.

вакцина

Најголем е интересот за вакцинирање  мегу граѓаните на Кочани и Виница.

– Од 850 вакцини предвидени за  вакцинирање на населението од Кочани, досега се потрошени 707 вакцини. Во Пехчево веќе вакцината ја добиеле 150 граѓани а во општина Берово се вакцинирале 200 граѓани – изјави Натка Каранфилова, лекар епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Кочани.

Горан Николов од Здравствениот дом во Виница информира дека за десетина дена во Виница од расположивите 450 вакцини, заштита од сезонски грип побарале 386 пациенти.

Меѓу граѓаните кои веќе се вакцинирале најбројни се оние на старост од 50 до 65 години и болни од хронични белодробни заболувања, кардиоваскуларни заболувања, дијабетичари и асматичари.

Од Заводот за јавно здравје Кочани ја истакнуваат можноста за  дополнителна набавка на вакцини против сезонски грип ако за тоа има интерес кај граѓаните од источниот регион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top