По барањето на СДСМ за разрешување на министерот за здравство Никола Тодоров, поради последните несреќни случаи во неколку болници низ земјава, денеска опозицијата, повторно го наметна прашањето за одговорноста, што според нив, треба да ја преземе министерот, укажувајќи на наводно големиот хаос што сега владеел во здравствениот ситем.
Пратеничката од СДСМ, Рената Десковска, на денешната Седница за пратенички прашања, го повика премиерот Никола Груевски, да се потпише на барање за разрешување на Тодоров, со што експресно би се сменел од министерската функција, бидејќи според неа, Тодоров имал игноранстки однос кон случувањата во здравството и немал чувство на одговорност.
Премиерот Груевски, притоа, посочи дека е сосема разбирлива потребата на опозицијата да бара разрешување на министри, да напаѓа, бидејќи тоа е нејзино легитимно и демократско право. Но, као што кажа, барањата треба да имаат смисол и да бидат поткрепени со аргументи.
– Лесно е само да се вперуваат прсти. Здравството е нешто што најлесно може да се критикува, но, дали Тодоров имаа лична вина е сосема друго прашење. Надлежните огани ќе утврдат чија е вината за смртта и кој сноси одговорност. Немојте лесно да обвинувате луѓе. Тодоров направи големи реформи кои дадоа големи резултаи – истакна Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии