| четврток, 6 декември 2018 |

По трагедијата во Гевгелија: Од понеделник се отвораат салите за операции во болницата

Салите за операции во гевгелиската болница повторно ќе бидат отворени од понеделник. Министерството за здравство позитивно одговорило на барањето на директорот на оваа установа, која остана без двајцата анестезиолози, а пациентите се препраќаа во болниците во Струмица и во Велес.

Анестезиолозите од болницата во Гевгелија добија отказ од работа бидејќи се потврди дека биле под дејство на алкохол кога починаа родилката и нејзиното бебе. Нивното работно место ќе го покриваат колеги од други здравствени установи, кои ќе и бидат на располагање на болницата 24 часа. На овој начин ќе функционираат додека трае истрагата и не се најде трајно решение. Во меѓувреме, обвинителството сè уште не излегува со официјалните резултати од обдукцијата, кои треба да покажат дали имало лекарска грешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top