Ќерката на познатиот кантавтор Жељко Јоксимовиќ од месец на месец го менува личниот изглед.
Мина Јоксимовиќ сака да експериментира кога е изгледот во прашање. И порано на нејзиниот профил на „Инстаграм“ покажувала нејзини нови изданија во која од црна преминала во русокоса, а тогаш наеднаш и „се зголемија“ усните, па почна да личи на микс на Емина Јаховиќ и на Ким Кардашијан.
Но во последно време од ден на ден е се поблиску до стилот што го негува старлетата Сораја Вучелиќ, а сличноста е навистина неверојатна.
Но рака на срце, можеби, пак, Сораја ја копира Мина, тешко е да се одгатне кој кого тука „копира“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.