Со проектот „Македонија вработува“ во изминатите шест месеци, откако почна да се реализира, се вработени 7.885 вработени во 5.040 компании во Македонија. Мерката за млади до 29 години помогнала да зе вработат преку 10.300 лица, информира денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Најави дека активните мерки за намалување на невработеноста и отворање нови работни места ќе продолжат и в година.
– Проектот „Македонија вработува“ влијае на намалување на невработеноста, создавање нови работни места во сите општини во Македонија Тој ќе продолжи да се реализира и во наредните шест месеци – рече Спасов.
Покрај намалување на невработеност овој проект имал за цел и да им помогне на македонските компании да ги намалат трошоците за отворање нови работни места, за проширување на нивниот бизнис, да ги намалат трошоците за исплата на плати и придонеси за секое ново вработено лица и да ги пренеменат за развој на нивниот бизнис.
Од вкулно 5.040 македонски приватни компании, колку што ги искористиле поволностите, 4.373 се мали компании со до 10 вработени, а 552 се до 50 вработени.
– Над 90 проценти од компаниите се мали и микрокомпании, кои и натаму ќе влијаат на развојот на македонската економија и на развојот на Република Македонија- рече Спасов.
Зголемената поддршка за компаниите, според него, се гледа и од фактот дека со ослободувањето од придонеси секоја компанија за едно вработување има месечна заштеда од околу 150 евра или 1.800 евра на годишно ниво. – Во периодот од една година овие компании ќе добијат ослободување од околу 14 милиони евра, а за три години над 42 милиони евра кои се директна помош за македонската економија, потенцира министерот за труд и социјална политика.
Тој истакна дека за една и пол година, колку што таре мерката 1+1 за вработување млади до 29 години преку ослободување од придонеси и персонален данок за 12 месеци со обврска да бидат задржани на работа уште 12 месеци се вработени над 10.300 лица.
– Оваа мерка многу им помогна на младите до 29 години да бидат поконкурентни на пазарот на труд, да се зголеми интересот кај компаниите за вработување млади лица, да отворат поголеми можности и шанси младите да стигнат до поскуваното работно место, до редовни средства за егзистенција и редовна плата, рече Спасов.
Оваа мерка, информира, досега ја искористиле 5.094 компании. Мерката, според Спасов, резултура со успех во сите општини, и ќе продолжи да се реализира заклучно со средината на март 2016 година.
Најави дека Владата планира активни мерки за вработување и во 2016 година. Притоа посочи за таа намена е планирано да се реализира буџет воизнос од околу 11,5 милиони евра, средства за реализација на околу 28 мерки за намалување на невработеноста, за зголемување на бројот на нови работни места, за основање на мали компании, за реализација на грантот за самовработување…
Планирано е да се реализира нова мерка за вработување на лица со инвалидност. Покрај субвенционирањето на придонесите, рече Спасов, што е дел од проектот „Македонија вработува“ и еднократната помош за секое вработено инвалидно лице од 20 до 40 просечни плати за секоја команија, ќе се реализира и новиот проект за грант за самовработување на лица со инвалидност. За 2016 година, според министерот за труд и социјална политика, планирано е да се вработат 300 нови лица.
Ќе се реализира и мерката грант за финанисрање нови работни места во микро и мали компании каде треба да се остварат 200 вработувања преку грант до 1.500 евра за ново работно место, ќе продолжат и обуките при што околу 6.000 лица ќе се обучат за побарувани занимања на пазарот на труд, со што, како што истакна Спасов, шансите за вработување би биле значително поголеми.
Истакна дека новитет за догодина се и двата нови гранта од кои еден за основање приватна детска градинка во износ од 10 илјади евра еднократни неповратни средства и вториот за формирање приватен старски дом во износ од 12 илјади и 500 евра исто така неповратни средства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.