Писателката Исидора Бјелица, која со нејзините обожаватели на социјалните мрежи ги споделува сите новости поврзани со битката што ја води со карциномот, објави на нејзиниот „Фејсбук“ порака, која не е охрабрувачка.
– Знаете дека ништо не кријам од вас. Денес во Скопје, во клиниката Аџи Бадем Систина најпрецизниот апарата за канцер покажа дека метастазите нагло и агресивно многу се прошириле, што не се виде на ниту еден друг апарат. Мирна сум, насмеана и се борам, сè е во Божји раце, а тој знае кога кому и за што му е време, а ние тоа не можеме да го разбереме. Ви благодарам за секоја молитва со која ми го продолживте животот. Ве гушкам како да сте мои деца поради чија тага ме боли душава. Дум спиро сперо… Ме прашаа од магазинот „Хело“ од што се плашам најмногу, а јас велам дека се плашам дека овие многубројни метастази ќе ми го нападнат и центарот за хумор, па ќе станам здодевна- напишала Исидора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.