На Европската унија и се заканува распаѓање доколку не одговори соодветно на најлошата бегалска криза на стариот континент уште од Втората светска војна, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Таа наведе дека доколку ЕУ едноставно се потпира на одговорите на одделни држави за ова европско прашање кризата уште повеќе ќе се влошува, со верижни реакции на јавното мислење и националните власти.
– Со цел тоа да се спречи Унијата мора да биде опремена со инструменти, кои ќе бидат дораснати на предизвиците, а без кои постои ризик од распаѓање на ЕУ – предупреди Могерини во интервју за италијанскиот весник „Соле 24 оре“.
Австрија вчера најави план за изградба на ограда на границата со Словенија, исто така членка на ЕУ, со цел да го контролира приливот на бегалци, а и Словенија најави слични чекори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција
-
Могерини: ЕУ нема да биде целосна се додека земјите од Западен Балкан не станат членки
-
Андреј Бабиш: Чешка нема да прима ниту луѓе кои бегаат од војна!
-
Хан: Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат да добијат позитивни одговори за евроатлантските интеграции



