| четврток, 6 декември 2018 |

Колкави хонорари зема Јанис Варуфакис за своите говори?

0,,18228530_303,00

Оваа недела поранешниот министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис, по долго време повторно стана предмет на медиумско внимание. Ова се должи на материјал на грчкиот весник „Прото тема“, според кој, Варуфакис држи говори за хонорари кои достигнуваат до 60.000 долари.
Во тоа нема ништо лошо, но е малку чудно за човек како Варуфакис, кој е најжесток критичар на алчноста.
Во написот е опишана кореспонденцијата помеѓу новинар и човек од „Лондон спикерс биро“, кој тврди дека го претставува Варуфакис.
Како одговор, Варуфикас на својот блог објавува пост, во кој ги опишува хонорарите што тој ги добил досега.
Судејќи според овој пост, се чини дека има барем едно нешто за кое од „Прото тема“ не се во право.

Според изданието, последните говори на Варуфакис му донеле потенцијален приход од 2,4 милиони евра, врз основа на тоа дека тој бара слични хонорари насекаде.
Како резултат на тоа, поранешниот министер за финансии на Грција, инсистира на демант од британските весници „Телеграф“ и „Тајмс“, кои, исто така, ја пренеле веста.
Варуфакис забележува дека кај поголем дел од неговите говори, се покриени само неговите трошоци. Тој дури не добил патни трошоци, за да зборува на штрајкот на персоналот на Националната галерија во Лондон.
Но сепак, во неговиот пост Варуфакис признава дека добил 24.000 евра, по оданочување, за учество во италијанска ТВ-емисија, што го покрива и патување во прва класа. Тој исто така добил и 28.800 евра за презентација на конференција во Сингапур.
Има и други работи кои Варуфакис не ги објаснува во својот пост, имено не вели дека „Лондон спикер биро“ не го претставува и не кажува каков хонорар би побарал, ако го поканат да одржи говор во САД. Интересно е дека од „Лондон спикер биро“ го претставувале Варуфакис и кон 16 октомври оваа година, но сега неговата фотографија мистериозно исчезнала од сајтот на организацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top