Шенгенскиот договор во оваа форма веќе е застарен, рече Никола Саркози, пренесува РИА Новости. Поранешниот француски претседател одржа предавање во московски универзитет. Според него бранот бегалци, кој ја зафати Европската унија, е без преседан и укажува на потребата за промени во системот за слободно патување. Европа треба да има нова политика кон имигрантите.
– Ни треба нов договор, што ќе го смени Шенгенот, посочи политичарот од западноевропските земји во руската престолнина.
– Луѓето кои бегаат од војни, треба да се враќаат во нивните земји по завршувањето на воените дејствија, предложи Саркози.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.