| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските танчари со сребро, бронза и со финале на Светското првенство во модерни танци во Италија (видео)

12182309_10153631928418286_2107575909_n

Танчарите на студио „Брејк а лег“ постигнаа огромен успех пласирајќи се во финалето на Светското првенство во хипхоп и брејкденс што се одржа во Римини , Италија (20.10.2015-25.10.2016) , на кое учествуваа 3.300 танчари од 30 земји , организирано од страна на ИДО и ФИДС (Светската и Италијанската танцова федерација).

12200419_10153631928318286_101812704_n

12179256_10153631928413286_165623806_n

„Брејк а лег“ на Светското првенство се претставија во категориите деца, јуниори и сениори  и сениори 2, а на најуспешниот настап воопшто за Македонија на светските првенства во модерни танци се постигнаа следните позначајни резултати:

  • Сребрен медал – Благоја Тодоровски, соло-мажи (Европски унирвезитетски игри)
  • Бронзен медал – Ангела Нешовска , соло-жени (Европски унирвезитетски игри)
  • петто место брејк денс (од вкупно 40) – Бенјамин Џафери
  • Финалисти – Хипхоп формација деца
  • осмо место (од 50 репрезентации) – Јуниори

Ова е Шесто светско првенство за Македонија и „Брејк а лег“ и на сите досега  имаат изборено пласман во финале со што го потврдуваат статусот за најуспешен танцов клуб и вистински амбасадор на Македонија.  Учеството во Италија беше поддржано и од Министерството за Култура на Република Македонија.

Погледнете дел од видеата и атмосферата во Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top