| четврток, 6 декември 2018 |

Суров хороскоп

Horoscope circle

Следи најлошото од секој знак во зодијакот – малку генерализирано и помпезно, но прилично забавно. За овој хороскоп забрането ви е да се налутите!

Овен

– Војник, секогаш прв, склон кон игри и сплетки, често избувлив и карактеристичен со нагли потези.

– Ги сака припадниците на спротивниот пол, сметајќи ги за сексуални објекти и после „извршената“ работа често и шутнува. Пример за тоа се Казанова и Марлон Брандо.

– Силен економист – повеќето овни се добро платени во работата.

– Недостатоци: гордост, брзоплетост и его.

– Може да биде садист (Хитлер, Хрушчов, Иван Грозни)

Бик

– Сака да јаде, да пие и да спие. Покрај тоа и да има секс.

– Темпераметен, дипломат, тврдоглав и често мрзелив (освен ако не се работи за добро платена работа).

– Материјалист, често успешен во политиката и воените детали, но и во економијата.

– Ја сака уметноста, а се вели дека поседува талент и да створи нешто сам.

– Недостатоци: непопустливост, склоност кон алкохол, љубомора.

– Познати Бикови: Сократ, Фројд, Тито, Макјавели.

Близнаци

– Половина-половина личности: колку добри страни имаат, толку имаат и лоши.

– Привлечни се, но ладни; интелигентни, но неемотивни; самокритични, но сакаат да ги критикуваат и останатите.

– Контрадикторен, дуален знак кој денес тврди едно, утре друго, а потоа плука по она што вчера го запишувал во ѕвездите.

– Често се бисексуални.

– Познати Бикови: Платон, Џек Лондон, Мерлин Монро, Анџелина Џоли.

 Рак

– Воден знак со променливо расположение, кој се пронаоѓа речиси во секоја професија, но му треба време да се одлучи само за една.

– Доколку не се одлучи за насоката во професионалниот живот на време, може да стане и социјален случај. Од друга страна, може да стане Рокфелер или Тесла (а такви луѓе еднаш се раѓаат).

– Инаку е добар домаќин, со одмерено однесување и темперамент. Емотивен е и хиперсензибилен и лесно се навредува , но не покажува дека е повреден или дека нешто му пречи.

– Често имаат поетска и уметничка душа.

– Недостатоци: Лесно се навредуваат, склони кон пороци, преемотивни, а понекогаш и заборавени.

 Лав

– Ниту еден Лав или Овен не истуркал далеку во животот, без да го отсакаат блиските или без да изврши самоубиство (Хитлер, Наполеон).

– Како вистински диктатор, не ги признава своите грешки бидејќи тој е секогаш во право. Доколку е надвладеан или доколку се наоѓа во околина која интелектуално (или на некое друго поле) е над него, се повлекува. Може да биде и добар дипломат, но тоа поретко се случува.

– Доколку моќта е во негови раце, околината дефинитивно ќе настрада.

– Најдобро е да му го нахраните егото и да му оставите негов простор за да не ги тиранизира оние околу него.

 Девица

– И девицата е малку дуален знак, добар во речиси сè што прави, самокритичен, а понекогаш своеглав и мрзелив.

– Аналитичен е, материјалист како и Бикот, има променлив нарав, добар по природа и импулсивен.

– Доколку изреагира премногу нагло, може да ја упропасти ситуацијата, па тогаш ги повикува пријателите на помош.

– Има боемска црта што подразбира карти, алкохол и секс (Толстој).

 Вага

– Единствениот воздушен знак со вистински емоции, но прилично несреден.

– Склони се кон убави и ретки работи (Моника Белучи), добри декоратери се и добри пријатели.

– Жените ваги не се оптоварени со конзервативни правила во љубовта.

– Недостатоци: многу трошат, хировити се, не знаат што сакаат од животот и често се невротични.

 Скорпија

– Депресивен и многу мистериозен знак.

– Често се крие под маската на зафркант, успешен е во работите кои бараат динамика – маркетинг, промотер, префесионален возач и тн.

– Ги сакаат пороците, особено алкохолот и дрогата.

– Многу се љубоморни, импулсивни и одмаздољубиви.

– Во комбинација со Бик достигнуваат 100% страст.

– Склони се кон деструкција на самите себе и на останатите.

– Позната Скорпија: Антонио Бандерас.

 Стрелец

– Филозофи полни со среќа, луди возачи, а често и коцкари.

– Кога нешто ќе намислат нема шанси да се откажат, а доколку не успеат, никогаш нема да признаат за тоа, слично како лавовите.

– Нивниот збор мора да биде последен, иако некогаш знаат и мудро да молчат.

– Не сакаат стеги и конзервативизам, отворени се максимално и склони кон дебати. Со нив може да се соработува.

– Воглавно се атеисти и агностици.

 Јарец

– Материјалисти се, знаат да бидат мрзеливи и тврдокорни. Може да израснат во математичари или програмери, но воглавно не успеваат да стигнат предалеку.

– Доколку се нафатат на некоја работа, ќе ја направат до перфекција.

– Прифаќаат единствено „бетонски“ докази за било што, особено за духовноста, но не е чудо и тогаш да пронајдат некоја замерка.

– Цинизмот и ароганцијата не им се непознати, а некогаш знаат и да си препишуваат туѓ успех. Но, воглавно не се лоши луѓе по природа.

– Жените Јарци се исклучително „на цена“.

 Водолија

– Знак чие владеење е во тек.

– Има променлива природа и плитки емоции, многу се паметни, понекогаш се и генијални, прилично се сестрани.

– Добри пријатели се, но заради искреноста и отвореноста, луѓето знаат да им замерат.

– Сакаат да се зафркаваат, но знаат да бидат и хумани.

– Сакаат да учествуваат во оргии, склони се кон консумација на големи количини на алкохол и швалерисување.

– Препорака: Избегнувајте подолго дружење со нив.

Риби

– Сите знаци се обединети во овој знак, што никако не е добро.

– Често имаат криза на идентитетот, дивергентност која предизвикува поделеност на сите страни, контрадикторност и изразена променливост на расположението – особини кои во никој случај не се за пофалба.

– Ова може да биде личност која ладнокрвно ќе ви ја откине главата, или пак, да се расплаче како мало дете доколку и’ ја погодите точката.

– Припадници на овој знак биле многу генијалци, како Нострадамус, Мојсеј, Леонардо да Винчи, Микеланџело и Коперник.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top