| четврток, 6 декември 2018 |

Брисел: ЕУ нема да посредува, решение за кризата да се бара преку институциите на Црна Гора

eu_vo_brisel_201592393822-18389Секое решение на актуелната политичка криза мора да се бара во Црна Гора, без посредување на Европската унија, е пораката на Брисел по повод ситуацијата во земјата.

– Брисел останува при ставот дека политичкиот дијалог меѓу претставниците на партиите мора да се води исклучително во институциите на системот, односно во Парламентот, изјави портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика ии безбедност Маја Коцијанчич.

Таа наведе дека пораката од Брисел на лидерите на Демос, на демократите и на Обединета реформаска акција (УРЕ), Миодраг Лекиќ, Алекс Бечиќ и Жарко Ракчевиќ им ја пренел шефот на Делегацијата на ЕУ во Подгорица Митја Дробнич.

Лидерите на трите партии вчера соопштија дека е неопходно да се формира влада на национално единство, која би можела да го контролира демократскиот процес и да организира фер избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top