| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија меѓу шесте најдобри дестинации за водење бизнис во Европа

makedonija 12 vo svet za vodenje biznis

Македонија има највисоко рангирана економија од регионот на Европа и на Централна Азија, а е 12. глобално рангирана од 189 земји во светот, покажува најновиот извештај „Дуинг бизнис 2016“ на Светската банка.
Makedonija pred 24 zemji clenki na EU INFOGRAPHIC

Македонија напредувала за 18 позиции во однос на претходниот извештај кога била рангирана на 30. место.

komparativni prednosti

Глобално, земјата е втора најдобро рангирана во областа за започнување бизнис како резултат на поедноставувањето на процедурите преку воспоставување задолжителна онлајн регистрација.

megu 6 vo evropa

На седмо место е во делот на даноците, на 10. е во делот на издавање градежни дозволи, на 14. во заштитата на малцинските инвеститори, на 26. во делот за почитување на договори и прекугранична трговија, на 37. при постапување на банкрот на компании, на 42. за добивање на кредит и на 45. во делот на приклучување со електрична енергија.

RANG na MK po indikatori

Во делот на запишување сопственост на имот, Македонија го зазема 50. место.

MK 12 vo svetot infographic

MK lider vo Jugoistocna Evropa

Извештајот „Дуинг бизнис“ се однесува на периодот од 1 јуни 2014 до 1 јуни годинава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top