| четврток, 6 декември 2018 |

Бисквит од Титаник продаден за неверојатни 23 илјади долари

biskvit-titanik2

Бисквит што се наоѓал на бродот Титаник и потоа бил изнесен од патници во спасувачките бродови деновиве е продаден на аукција на грчки колекционер за 23 илјади долари – пишува „Дејли мејл“.

Бисквитот бил дел од колекцијата на Џејмс и на Мејбл Фенвик, кои биле на тримесечно свадбено патување и патувале со бродот „Карпатија“, бродот што ги спасил преживеаните од Титаник – објаснуваат од аукциската куќа „Хенри Алдриџ и синот“.

На аукцијата биле понудени и фотографски негативи и фотографии од спасувањето на 700 преживеани. Бисквитот бил во кутија што била пронајдена на еден од бродовите за спасување.

– Овој бисквит бил зачуван од семејството Фенвик како сувенир од Титаник – велат од аукциската куќа.

– Бисквитот бил спасен од господин Фенвик и бил сместен во кутија за фотоапарат, а заедно со него имало и ливче на кое пишувало „Пилот бисквит од спасувачките бродови на Титаник, април 1912 година“- додаваат оттаму.

Аукциската куќа го нарекла овој бисквит, најскапиот бисквит во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top